Брза шлаг торта

900 г шлаг
900 мл газирана вода
300 г мелени Плазма бисквити
200 г желе бонбони
200 г еурокрем
10 крем бананчиња
100 г чоколадо за украсување
300 г шлаг изматете со 300 мл газирана вода, па додадете ги бисквитите. Измешајте, нанесете во калап бр 24 и израмнете ја смесата.
300 г шлаг изматете со 300 мл газирана вода. Додадете ги исечканите желе бонбони и крем бананчиња: Промешајте и нанесете врз првата смеса во калапот.
300 г шлаг изматете со 300 мл газирана вода и додадете го еурокремот. Измешајте и нанесете во калапот.
Декорирајте со растопено чоколадо, мелени Плазма бисквити и чоколадни смоки. Изладете ја тортата и исечете на парчиња.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.