Брзи бурек ролнички

500 г кори за пита
350 г мелено месо
2 компири
1 главица кромид
1 чешне лук
100 мл масло
сол и мелен црн пипер
– Во еден сад измешајте ги меленото месо, ситно сечканиот кромид и лук, и компирите исечкани на ситни коцки.
– Во тава на загреано масло пржете ја смесата со мелено месо и компири околу 5 минути.
– Ставете една кора, премачкајте ја со масло, врз неа ставете втора кора и премачкајте ја.
– Ставете неколку лажици од смесата со месо на едниот крај на корите. Завиткајте ја кората како ролат точно до половина.
– Од другата страна исто ставете од филот со месо и повторно завиткајте до половина.
– Исечете ги ролатите на парчиња, наредете ги во намрсена тава и одозгора премачкајте ги со масло.
– Ставете да се печат во загреана рерна на 200 степени. По 15 минути од печењето полијте ги ролничките со малку вода и вратете ги да се допечат 10-15 минути или додека убаво не поруменат.
– Извадете ги од рерна, покријте ги со крпа и оставете да се изладат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.