БРЗИ РОЛНИЧКИ СО МЕСО: Подготовката е едноставна, а вкусот е неверојатен

Ќе ви требаат:

500 гр кора за пита500 гр мелено говедско месо1 голем кромид2 јајца100 мл млеко50 ml масло1/2 кесичка прашок за пецивосол по желбапиперка по желба

Подготовка.

Загрејте ја рерната на 220 степени. На масло пропржете го ситно исечканиот кромид, па додадете го месото. Зачинете со сол и бибер. Во сад измешајте 2 јајца, 100 мл млеко и 50 мл масло, па додадете половина кесичка прашок за пециво. Премачкајте ја првата кора. Над втората кора премачкајте го филот со месо, па свиткајте во ролна. Повторете ја постапката додека не го потрошите целиот материјал. Прелијте ја преостанатата смеса со јајца и посипете со сусам. Печете ги кифличките околу 20 до 25 минути, во загреана рерна на 220 степени.

Пронајдете не на следниве мрежи: