Брзо и совршено: Паста фортуна

Ви треба енергија, но не и премногу тежок оброк? Протеините од печурките и сланината, како и вистинската количина на здрави маснотии ќе ви ја завршат работат.
Потребни состојки за една порција:
15 милилитри маслиново масло
30 грама димена сланина
100 грама свежи печурки
15 грама кромид
чешне лук
50 грама грашок
20 милилитри бело вино
30 милилитри бујон од зеленчук
60 милилитри павлака за готвење
15 грама путер
малку изрендано мускатно оревче
2 грама магдонос
2 грама власец
сол
бибер
10 грама пармезан
100 грама тестенини 
Начин на подготовка:
Поврзани објави
Рај за непцето: Подгответе тестенини во сос од ореви
Незаборавен вкус: Ризото со шкампи
Ручек готов за 5 минути: Солени палачинки што ќе ги…
Полнети чамчиња: Незаборавен ручек за љубителите на…
Пропржете ги коцките сланина и печурките на маслиново масло. Пржете додека сланината не добие златнокафеава боја. Додајте ситно исечкан кромид и пржете додека не стане стаклесто проѕирен.
Додајте го лукот и грашокот и пропржете ги малку. Потоа додајте бело вино и намалете ја температурата.
Ставете го бујонот од зеленчук и павлаката и мешајте го сосот додека не зоврие. Во врелиот сос додајте путер и мускатно оревче, мешајте рамномерно додека не се стопи и соедини путерот.
Додајте прстофат сол, ставете ги претходно сварените тестенини и внимателно промешајте. На крајот, наросете пармезан на пастата и украсете ја со власец и магдонос.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.