Брз викенд ручек: Солени бомбици од пилешко во сос

Ако преферирате пилешко месо и го обожавате во секакви комбинации, време е да ги пробате овие солени бомбици.
Пилешко месо со малку сланина, потопено во сос е идеален ручек, а за уште побогат вкус, може да ги комбинирате со тестенини.
Тешко дека некој ќе одолее на овие мини бомбици од пилешко месо, а вреди да ги пробаат и оние понеискусните во кујна.
Набавете ги потребните состојки и покажете ги кулинарските вештини.
Потребни состојки

За бомбици:
1 лажица маслиново масло
1 кромид, сечкан на коцки
1 чешне лук
280 g пилешко месо (блендирано)
¼ шолја сланина, сечкана ситно
Сол и бибер
1 јајце
1 парче леб, изронето
½ шолја лебни трошки
За сос:
1 лажица путер
1 лажица брашно
1 ½ шолја павлака за готвење/хопла
Рендана кора од 1 лимон
2 лажици магдонос, ситно сечкан
Начин на подготовка:
Ставете маслиново масло во тавче на средно загреана рингла и запржете ги малку кромидот и лукот додека не добијат златеста боја, а потоа тргнете ги од оган.
Во сад, ставете го пилешкото, сланината, сол и бибер и мешајте додека не се соедини смесата. Потоа додадете ги кромидот, лукот, јајцето, лебот и лебните трошки и соединете ја смесата.
Од смесата обликувајте мали топчиња и ставајте ги во тавче со малку маслинов зејтин. Кога ќе фатат боја, тргнете ги настрана.
Во истото тавче, стопете го путерот, додадете брашно и мешајте додека се растопи. Потоа додадете ја хоплата, лимоновата кора, сол, бибер и гответе додека не стане кремаста смесата.
Додадете ги топчињата, наросете со магдонос и сервирајте ги со тестенини или со друго јадење по желба.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.