Брз ручек и мезе – зачинети, пилешки плескавици со тиквички

Овие зачинети, мали плескавици со пилешко месо и тиквичка се одлично мезе, но и ручек кој се подготвува брзо и лесно.
Може да ги јадете самостојно со сос по избор, со салата, во тортиљи… можностите се многубројни.


Потребни состојки:
450 g пилешко месо, многу ситно сечкано, а може и мелено
1 тиквичка со средна големина, излупена, изрендана и исцедена од вишокот вода
1 чешне лук, ситно сечкано
¾ лажичка сол
½ лажичка црн бибер
¼ лажичка кромид во прав
1+1/2 лажица кокосово масло
*лебни трошки (по избор)


Начин на подготовка:
1. Помешајте ги сите наведени состојки (освен кокосовото масло) додека добро не се соединат. Смесата треба да биде влажна. Доколку сметате дека смесата ќе ви се распаѓа бидејќи е премногу мека, слободно додадете малку лебни трошки.


2. Формирајте мали топчиња, а потоа обликувајте ги во плескавички.
3. Пржете ги на загреано кокосово (или обично) масло на средна температура, 5-6 минути од секоја страна или додека плескавиците добро не се заруменат.
4. Сервирајте ги додека се топли.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.