БРИТАНСКИ ИЗВИДНИЧКИ АВИОН ПАТРОЛИРА ПО ГРАНИЦАТА СО УКРАИНА И МОЛДАВИЈА! Интензивно се набљудува руската армија!

Британскиот извидувачки авион RC-135 River Joint веќе подолго време извршува повеќечасовна мисија во Романија.

Авионот полетал од воздухопловната база во близина на градот Плоешти и моментално патролира долж украинската и молдавската граница.

БРИТАНСКИ ИЗВИДНИЧКИ АВИОН ПАТРОЛИРА ПО ГРАНИЦАТА СО УКРАИНА И МОЛДАВИЈА! Интензивно се набљудува руската армија!

Авионот лета на височина од 7.000 до 10.000 метри.

Инаку, во саботата рано наутро, НАТО пактот започна операција на интензивен мониторинг на руските сили во Украина. Во воздухот освен британскиот RC-135W кој припаѓа на 51 ескадрила на Кралските воздухопловни сили.

Исто така, од една од базите во Романија полетаа воздушен танкер KC-135R на американските воздухопловни сили и Bombardier Challenger 605 на американската армија.

АТР-72 на турската морнарица полетал од правец на Варна во Бугарија кон Црното Море, односно Крим.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.