Бритни Спирс уапсена за возење во пијана состојба

Американската музичка ѕвезда Бритни Спирс е уапсена поради возење под дејство на алкохол, објави TMZ.

Таа беше уапсена во среда во округот Вентура, Калифорнија. Беше ослободена утрово. Треба да се појави на суд на 4 мај.

По апсењето, Бритни Спирс го избриша својот Инстаграм профил. Новинарите од списанието „Пејџ Сикс“ го контактираа нејзиниот менаџер за веста за нејзиното апсење, но не добија одговор.

За потсетување, пред неколку месеци таа беше снимена како вози со голема брзина по ноќен излез со пријатели.

Имено, во октомври 2025 година, „Дејли меил“ објави видео од неа како го напушта ресторанот „Ред О“ во Таузанд Оукс и влегува во нејзиното БМВ откако неколку луѓе се обидоа да ја спречат.

Очевидец тврдел дека речиси ја прегазила својата пријателка додека излегувала од паркингот. Потоа била снимена како скршнува меѓу ленти во својот автомобил и вози по велосипедска патека на пат кон нејзиниот имот Таузанд Оукс.
The post Бритни Спирс уапсена за возење во пијана состојба appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: