Американската пејачка Бритни Спирс и нејзиниот партнер и поранешен агент Џејсон Трејвик ја раскинаа веридбата една година откако ја објавија, пишуваат американските медиуми.
„Џејсон и јас одлучивме да ја прекинеме врската“, соопшти 31-годишната Бритни Спирс во соопштението објавено на интернет порталот u today.com.
„Секогаш ќе го сакам и ќе останеме големи пријатели“, додала Бритни. Џејсон Трејвик рекол, исто така, дека со Бритни засекогаш ќе остане во добри односи.Двојката беше заедно од 2009 година, а веридбата ја објавија во 2011 година, на 40-от роденден на Џејсон. Спирс досега двапати се мажеше, а двајцата сина, 7-годишниот Престон и 6-годишниот Џејден ги има од бракот Кевин Фидерлин од кога се разведе во 2006 година.