Брука, нема струја во Центар за дијализа

Во Центарот за дијализа во населбата “Железара“ во Скопје во моментов нема струја, јавува „Досие“. Алармот го кренаа пациенти кои во моментов се приклучени на дијализа.
Тие преку социјалните мрежи ги повикуваат надлежните инситуции да преземат мерки додека не биде предоцна.
– Aко мене дијализа ме кошта 82.000 годишно барем плати струја и материјали, моментално нема струја и агрегат кој не работи, а сме пациенти на дијализа, исклучен чекам – напиша на ФБ еден од пациентите кој ја сликал раката прикачена со игли но машината не работи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.