четврток, 19 ноември 2026
Најново

Брутално семејно насилство во Скопје: Маж со тврд предмет ја нападнал сопругата и завршил во полиција

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Скопската полиција уапсила 53-годишен маж поради сомнение за семејно насилство и физички напад врз неговата сопруга, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според полициските информации, инцидентот се случил на 24.10.2026 година, во 18:35 часот, кога полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Н.Ј.(53) од скопски регион. Тој се сомничи дека со употреба на тврд предмет извршил физички напад врз неговата сопруга.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Од МВР информираат дека лицето е задржано во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна кривична пријава.

Поврзани вести