Бургери со пилешки плескавици

Вкусни бургери со плескавици од пилешко месо – ручек кој се подготвува брзо.

Потребни состојки:

  • 500 гр пилешки филети
  • 5 парчиња млад кромид
  • мајчина душица
  • 1 јајце
  • 2 лажици лебни трошки
  • 1 лажица сув зачин од билки
  • масло за пржење

Подготовка:
Измелете го пилешкото месо (или побарајте да ви го сомелат во месарницата од каде што обично купувате месо), додадете го сушениот зачин, ситно сечканиот млад кромид, мајчината душица, јајцето и лебните трошки.
Измешајте сè добро и оставете го да отстои околу еден час.
Потоа обликувајте плескавици и пржете ги на масло од секоја страна пет минути.
Послужете ги печените плескавици во бургер лепчиња со свежа салата.

На здравје!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.