Бучавата на која секојдневно сме изложени може да предизвика појава на дијабетес и инфаркт

Светската здравствена организација неодамна објави истражување за загадувањето на средината со бучавата, што многу лошо влијае на здравјето на луѓето и може да доведе до појава на дијабетес.
Без разлика дали станува збор за бучава од авион, автомобил и други превозни средства, се предлага максимална можна заштита од бучавата со цел да бидеме поздрави. Истражувачите обрнале внимание на вообичаените заболувања кај луѓето како што се срцевите болести, висок крвен притисок, иритантност, потешкотии во спиењето и учење кај децата.


Новите истражувања покажаа дека бучавата има големо влијание и на психичкото здравје, но и на дијабетесот и предвременото породување. Ова претходно беше занемарено, бидејќи бројката на случаеви на предвремено породување беше многу мала. Изложеноста на гласните вибрации и звуци кои ги создаваат сообраќајот предизвикува и дебелеење во пределот на стомакот и дијабетес. И двете состојби можат да бидат последица на долготрајна изложеност на стрес, а постои и голем ризик бучавата на пат да предизвика и срцев напад.
Бучавата која допира до Вас од ноќните клубови, пабови, фитнес простории и теретани, спортски настани, концерти и музика во живо, но и музика која ја слушаме прегласно на слушалки има влијание на целото наше здравје и тело.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.