ВАДЕЛЕ БУБРЕЗИ ОД СТОТИЦИ ПАКИСТАНЦИ! Полицијата уапси банда дилери на човечки органи, барале по 34.000 долари од богатите купувачи

Полицијата во источен Пакистан разби криминален синџир вмешан во нелегално вадење органи, при што уапси осум лица. Тие се осомничени дека хируршки ги извадиле бубрезите на стотици пациенти и ги продале на богати луѓе на кои им е потребна трансплантација, соопштија пакистанските владини претставници.

ВАДЕЛЕ БУБРЕЗИ ОД СТОТИЦИ ПАКИСТАНЦИ! Полицијата уапси банда дилери на човечки органи, барале по 34.000 долари од богатите купувачи

Наводниот водач на банда, идентификуван како „Д-р Фавад“, е обвинет дека извршил 328 операции за отстранување на бубрегот и ги продавал на клиенти за 10 милиони пакистански рупии (34.000 долари), изјави Мохсин Накви, главен министер на пакистанската провинција Пенџаб, изјави Си-Ен-Ен.

На Фавад, наводно, му помагал во операциите неименуван автомеханичар кој давал анестезија, рече Накви.

Министерот додаде дека бандата намамувала пациенти од болници и приватно вршела операции во регионот Таксила и Кашмир.

  • Тоа можеа да го направат во Кашмир бидејќи не постои закон за трансплантација на бубрег, па таму им беше полесно да вршат операции – рече Накви.

Според министерот, досега се потврдени три смртни случаи, но истрагата се уште е во тек.

Фавад беше апсен пет пати претходно, но секој пат беше ослободен и можеше да продолжи да работи илегално, рече Накви.

Некои од пациентите на кои им биле извадени органите не знаеле дека им бил изваден бубрегот, додаде тој.

Полицијата потроши речиси два месеци истражувајќи го случајот откако еден човек се јави и рече дека бил убеден од еден од наводните членови на бандата да побара приватно лекување.

Подоцна, кога отишол кај друг лекар на понатамошно лекување, му било кажано дека нема бубрег, вели министерот.


Накви рече дека работи со Генералниот инспектор на полицијата во Пенџаб за зајакнување на сајбер законите во земјата, така што рекламите за такви нелегални трансплантации на бубрези ќе бидат забранети на интернет.

  • Се фокусираме на наоѓање други банди кои го прават ова – рече тој.

Пакистан ја прогласи комерцијалната трговија со човечки органи нелегална во 2007 година, а зајакнатиот закон во 2010 година ги казнува вадењето органи и трговијата со до 10 години затвор и парична казна од 1 милион рупии (3.400 долари).

Пред да се донесе законот, земјата беше центар за трговија со органи за странци и богати Пакистанци кои чекаа трансплантација, а купувањето и продавањето на бубрези беше редовна практика.

Некои осиромашени Пакистанци ги продадоа своите бубрези за да преживеат.

Но, практиката продолжи и локалните медиуми објавија дека нелегалните трансплантации на бубрези повторно се спроведуваат во последните години.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.