Со палење на скулптури во Валенсија завршува традиционалниот фестивал за доаѓањето на пролетта.Секој град и земја има свои обичаи и затоа Шпанците со радост ја очекуваат пролетта, пишува elpais .Во градот Валенсија се одржува традиционалниот фестивал „Ла Фалас“ на кој за овој ден се палат скулптурите на уметниците кои ги создале во текот на претходната година.И во текот на минатата вечер и денеска продолжи палењето на креациите на шпанските уметници.
Сепак, градоначалничката на шпанскиот град, Марија Хозе Катала, изјави дека „мора да почнеме да применуваме цврста рака против нецивилизацијата и да применуваме максимални казни за оние кои не ја почитуваат употребата на пиротехнички средства.Парковите, цветните градини и монументалните средини годинава претрпеа големи штети како последица на големиот број учесници и вандализам.Инаку, Шпанија е една од многуте земји во светот кои го слават доаѓањето на пролетта.
Пронајдете не на следниве мрежи:



