Ванеса торта

1 кг мелени Плазма бисквити
250 г маргарин
500 мл жолт газиран сок
ЗА ФИЛ
1 л млеко
300 г шеќер
5 јајца
2 кесички ванилин шеќер
200 г густин
250 г маргарин
100 г чоколадо
5 кесички шлаг
500 мл млеко
Од маргаринот растопен на оган, бисквитите и сокот со рака замесете смеса. Расплескајте ја на послужавник со форма по желба.
Зовријте 700 мл млеко со шеќерот и ванилиниот шеќер. Преостанатото млеко измешејте го со густинот и жолчките. Додадете во тенџерето на оган и сварете крем. Потоа додадате го чоколадото. Откако ќе се растопи тргнете од оган и изладете.
Маргаринот изматете го со миксер. Додадете го кремот и изматете. Нанесете го филот на расплеканата смеса и изладете. На крајот на тортата нанесете го изматениот шлаг.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.