Ване Цветанов: БЛУДНИЦА МИ ГО УНИШТИ ЖИВОТОТ. Не се работи за Дунавка…

Не знаеме дали е ова љубовен трилер или некаква илузија и фантазија, но ќе го пренесеме во целост статусот на Ване Цветанов.

Оваа гнасница, струмичанка, која што како авантура влезе во мојот живот, со лаги измами и манипулации, а користејки ги политичките врски на СДСМ успеа да ми го уништи животот.

Ване Цветанов: БЛУДНИЦА МИ ГО УНИШТИ ЖИВОТОТ. Не се работи за Дунавка…

Прво од авантура од неколку месеци, случајно остана бремена.

На колена ја молев да не абортира и дека заради бебето ќе ја трпам до крајот на животот.

Абортираше и ми излезе од душата.

Најголема грешка направив што и ја оставив Зелена Лупа да ја раководи…

Скоро 2 години ја молев да излезе од мојот живот, јасно кажувајќи и дека ми се повраќа од неа и дека може да комуницираме само околу Зелена лупа.

Но ја фатив во милион лаги и за работата со организацијата…

Од 2 години заеднички живот, една година не спиев со неа бидејки бев јасен дека ми се повраќа од неа како жена.

Ја молев да си замине од мојот живот.

Но таа велеше, а што ќе правам јас без тебе?

Без разлика што немавме ништо интимно, ми расипа многу обиди да најдам нова љубов, затоа што ми ги поврзала и месинџер и вибер кај нејзе на компјутер.

После објавувањето на сликата со Дунавка, оваа погана жена се зарече дека ќе ми го уништи животот.

И успеа.

1. Организираше кражба на Зелена лупа преку фалсификат собранија за кои МВР ја штити.

2. Глумела, плачела, лажела пред цел врв на СДСМ како многу ме сакала а јас сум и го уништил животот.

Почна да работи на мое професионално уништување.

Без знаење на Зоран Заев , искористи приватни и партиски врски за да и помогнат во моето оцрнување и уништување.

Сега сум разрешен од Функција и мета на политички прогон.

Блудницата успеа…

Но СДСМ треба да се запрашаат каков грев направија и прават сеуште, за да ги задоволат шизофрените желби на една распуштеница.

Згора на се ми праќа абери дека сеуште ме сакала и дека, ако сум влегол во врска со нејзе, ќе ми помогнела да ми се средат проблемите кои таа ги направи…

Тоа ли е демократијата на одредени луѓе од СДСМ?

Прашање на денови е кога ќе ме апсат, монтажата е при крај…

А нашиот Министер Оливер Спасовски или спие, или е соучесник, не можам да го обвинам на права душа додека не го видиме финалето…

Во моментов желбите на распуштеницата се исполнети а мојот живот уништен….

Продолжува….

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.