Професорката и екс-кандидатка за претседател на државата, Билјана Ванковска ја коментираше одлуката на Владата за враќање на оградата околу владината зграда. Ваквиот потег, професорката го оцени побитен за Владата отколку враќањето на старото уставно име.
-Враќањето на оградата се покажа како поприоритетна задача од враќањето на името коешто остана за некои други генерации. Интересно, смената на власта ја очитуваме преку вадење и ставање ограда, објави Ванковска на Фејсбук..
Вчера беше поставена металната ограда околу зградата на Владата. Пет дена откако на владина седница беше донесена одлука зградата пак да се огради, екипи од вчера наутро ја местеа.
„Со оглед на тоа што објектот на Владата е опкружен со нефункционална и нерепрезентативна ограда во сопственост на Министерството за внатрешни работи, Владата ја задолжи Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) да започне постапка за враќање на оградата на Владата која веќе еднаш беше поставена. Истовремено, директорот на СОЗР Ивица Томовски информираше дека оградата била несоодветно чувана под надворешни влијанија во објектот на касарната Илинден, за што ќе направат и дополнителна проценка“, рекоа од Владата на 2-ри јули.
- Под контрола е пожарот крај пругата во Прилеп
- Утре Скопје со изменет сообраќаен режим: Дел од улиците затворени поради маратонот
- „50 пати на улица и во судница, бараме вистина одговорност и правда“, порачаа родителите на 50-от Марш на ангелите
- Имате 30 секунди слободни? Овие четири мали навики ќе ви го подобрат расположението
- Љубовен хороскоп до 10 октомври: Ретроградна Венера гази во Шкорпија – Старата љубов повторно повикува
- 50. „Марш за ангелите“: Родителите бараат месечно над 10 рочишта за „Пулс“ и јасни одговори од институциите
- Калајџиев за новиот притвор за Деко: Ако има правна држава судот требаше да го отфрли предлогот
- ВМРО-ДПМНЕ до Кузеска: Од Заев и „Северна“ до прифаќање на македонскиот идентитет



