Ванковска ја подбра Силјановска: Гога ќе го укине Пушкин но не и „Северна“, тешко нас со „претседателка“ која не ја знае содржината на преговарачката рамка!

Гога си решава свој проблем, сократовски! Била личност. A нас и Македонија кој нѐ шиша !? – вели претседателската кандидатка на Левица, Билјана Ванковска за Гордана Силјановска.

– Тешко нас со претседателка која не ја знае содржината на преговарачката рамка (заедно со оние проклети протоколи од историската комисија), онаа рамка за која ние протестиравме а таа играше оро со другарките.

Накусо: таа нема ни храброст ни решителност да покрене постапка ни против Бугарскиот ни Преспанскиот договор.

Стево не го ни коментирам, таа ме загрижува повеќе. Божем субверзивна беше , а сѐ ќе почитува . – вели Ванковска.

Ванковска го коментира и руското влијание кое го спомнува Силјановска.

– Господе боже! Лукоил бил руско влијание и за Гога!!!! Па таа и Пушкин ќе го укине!

А за Кина немала поим! Ја читала американската мисионерка Перл Бак која живееле во Кина од пред речиси 100 години! Ајмееее! – напиша Ванковска.

Пронајдете не на следниве мрежи: