Македонскиот спортски бренд Вардар во текот на наредната седмица би требало да добие нов сопственик, пишува „Фокус“.
Според нашите информации, работите за официјализирање на договорот се во напредна фаза и се очекува кон средината на оваа седмица се да биде официјализирано и соопштено во јавноста.
Наводно, долгот од повеќе од два милиони евра на клубот ќе биде подмирен и првична цел на новите луѓе во раководството ќе биде враќање на тимот во Првата лига, откако претходната сезона вардарци испаднаа во второлигашката конкуренција.