ВАШИНГТОН САКА ДА ПРОФИТИРА: Финскиот претседател за мировните преговори за Украина

Европските земји во моментов работат на зачувување на независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, изјави денес претседателот на Финска, Александар Стаб, во интервју за финскиот телевизиски канал MTV3 и додаде дека секој договор насочен кон прекин на борбите во Украина веројатно нема да ги исполни условите потребни за праведен мир.

„Сепак, во реалноста, мирот може да биде добар, лош или форма на компромис“, рече Стаб.

Финскиот претседател, кој одржува блиски врски со американскиот и украинскиот претседател Доналд Трамп и Володимир Зеленски, рече дека наредните недели ќе бидат клучни за да се утврди дали дипломатските напори за ставање крај на војната ќе дадат плод.

Според него, Вашингтон се обидува да добие економска предност од мирот во Украина.

„Се наоѓаме во ситуација каде што САД инвестираат во разни договори како дел од своите медијациски напори, како што се минералните резерви во Украина. И можно е регионалниот дел да е поврзан на некој начин и со трговијата“, рече Стаб.

Претседателот на Финска изрази скептицизам дека Кремљ ќе ја одобри најновата верзија на планот за решавање на конфликтот во Украина , но изрази верување дека „сè се движи кон некаков вид прекин на огнот и мир“.
The post ВАШИНГТОН САКА ДА ПРОФИТИРА: Финскиот претседател за мировните преговори за Украина appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: