ПЛАНОТ СЕ ОТКРИВА: Вања била врзана и ставена во вреќа за спиење во подрумот на зградата каде што живеела

Вања Ѓорчевска била врзана и потоа ставена во вреќа за спиење во подрумот во зградата каде живеела и потоа така изнесена од зградата, објави ТВ 24 од извори на истрагата.

Косовската полиција заплени оружје кај Звечан, приведен поранешен полицаец
Директорот на косовската полиција информира дека едно лице, поранешен косовски полицаец, веќе е приведено, бидејќи се сомничи дека е поврзано со оружјето кое било пронајдено во близина на неговата куќа ФОТО: МИА Околу …
Фон дер Лајен со предлог за мир до Путин
Претседателот на Русија Владимир Путин прво да престане да ја бомбардира Украина, па мировните преговори може да почнат следниот ден, порача шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лајен која дојде во Рим …

Со тоа се објаснува нејзиното незабележано грабнување од зградата која се наоѓа во непосредна близина на Градскиот парк и во чија околина има многу угостителски објекти. Токму овој факт предизвикуваше дилема во јавноста бидејќи не беше сватливо како може никој да не забележи и да реагира на грабнувањето.

Клуч од подрумските простории, како и од влезната врата имал и првоосомничениот Љупчо Палевски, кој поседувал и имот во истата зграда. Како што е веќе познато, зградата е изградена од компанијата Упа Ентерпрајз, чиј сопственик бил Палевски, во која во минатото биле и канцелариите на компанијата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.