Веганско брауни со сладок компир

Дали ви се јаде нешто благо кое во исто време е здраво и од растително потекло?
Овој рецепт за веганско брауни е многу брз и лесен, а секако и многу вкусен! Единствениот „недостаток“ е што треба да почекате барем половина час да се олади за да биде уште повкусно.
Веганско брауни со сладок компир
Потребни состојки (за 16 парчиња):
500 г сладок компир
150 милилитри растително млеко (оризово или овесно)
150 г путер од кикиритки
прашок за пециво
50 г брашно
100 г какао
1 лажица шеќер
50 г бадеми (по избор)


Начин на подготовка:
Ставете ги слатките компири да се печат на 200 степени за 35 до 40 минути, сè додека не бидат меки. Извадете ги од рерната и покријте ги со крпа за да можат полесно да се излупат и да бидат уште помеки. Откако ќе се оладат, излупете ги.
Ставете ги бадемите во вода и почекајте да зоврие. После 10 минути, извадете ги и излупете ги.
Во голем сад, ставете ги слатките компири и со помош на виљушка направете смеса. Потоа додајте го млекото, путерот од кикиритки, прашокот за пециво, брашното, какаото, половина од бадемите и шеќерот. Измешајте ги сите состојки.
Пренесете ја смесата во сад за печење. Одозгора наредете го другиот дел од бадемите и ставете да се пече на 180 степени за 35 до 40 минути. Пред да го јадете, оставете да се олади барем половина час.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.