Веге ќофтиња

Одлична замена за ќофтиња од месо.
СОСТОЈКИ:
150 гр соја во зрно
60 гр ориз
60 гр брашно
1/2 главица кромид
2 чешниња лук
1 јајце
3 лажици масло
малку лута пипер во прав
1/2 веза магдонос
маслиново масло
сол
бибер


НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Зрната соја држете ги неколку часа потопени во вода, исцедете ги и преку ноќ оставете ги во замрзнувач.
Наутро замрзнатата соја ставете ја во зовриена вода и гответе еден час на умерена температура зрната сосема да омекнат. Лушпите кои во текот на готвењето ќе испливаат на површина, отстранете ги со лажица. Исцедете ја сојата и сомелете во машина за месо.
Оризот згответе го во солена вода, исцедете и измешајте го со соја. Додајте кромид и лук, јајце, брашно, сол и бибер, па сè заедно добро замесете.
Од добиената смеса формирајте ќофтиња и пржете ги во загреано масло да поруменат, па послужете ги со доматен сос.
Добар апетит!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.