Вчера чуварот на Градските гробишта во Неготино бил физички нападнат од две жени од Велес на возраст од 28 и 29 години.
Според соопштението од СВР Велес, физичкиот напад бил бидејќи не им дозволил да питачат на гробиштата.
„На 17.03.2024 во 12.45 часот во ОВР Неготино, Т.Б.(50) од Неготино, чувар во Јавно претпријатие во Неготино, пријавил дека на Градските гробишта во Неготино, пријавил дека бил физички нападнат од Џ.Џ.(29) и А.Џ.(28), двете од Велес, затоа што не им дозволувал да питачат на гробиштата“.
По документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави-соопштија од СВР Велес.