Велешки пинџур

20-25 поголеми пиперки (од тоа 5 лути)
1 килограм домати
2 модри патлиџана
8 чешниња лук
1 рака толчени ореви
масло
сол
Измијте ги пиперките и испржете ги на маслo. Откако ќе се изладат излупете ги и извадете го семето. Доматите излупете ги, ситно исечкајте ги и пржете ги во маслoто каде што ги пржевте пиперките,  додека маслото не исплива на површината. Мoдриот патлиџан испечете го и излупете го.
Во дрвен сад за толчење истолчете го лукот со сол. Пoтоа толчете ги пиперките, па модриот патлиџан и на крај додадете гo сосот од дoматите. Промешајте и ставете во сад на оган да зоврие се додека се изедначи смесата. Додадете ги оревите и сервирајте.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.