ВЕРБАЛЕН ДЕЛИКТ КАКО КОМУНИСТИЧКА ИЗМИСЛИЦА ПРЕИМЕНУВАН ВО ГОВОР НА ОМРАЗА

Вработените (власта) од народот, кој ги плаќа да го штитат неговиот интерес, ќе го тужат својот работодавец (народот) од чии пари живеат и тоа живеат луксузно, затоа што е незадоволен од нивната работа, затоа што ги критикува, затоа што ги исвиркува, затоа што ги оценува и како функционери и како личности!
За што?
За комунистичката конструкција ,,вербален деликт“ преименуван во ,,говор на омраза“!
Тоа е она кога некој не ве сака, а вие ем плачете по неговата љубов ем му се заканувате.
Ниту со закон може да наредите некому да ве сака, ниту со закон и закани можете да го спречите да ви каже што мисли за вас

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.