Внукот на Гоце Делчев, Христо Христов, во објава на социјалните мрежи изрази поддршка за редакцијата на Инфомакс по упадот во нашите простории во среда вечер.
– „Го нападнале медиумито Инфомакс во Скопје. Јас сум гостувал во тој медиум пред години, беа многу коректни и љубезни со мене. Самата идеја да нападнеш новинар е голема грешка. Новинарите се нервниот систем на општеството во една држава. Тоа е недозволиво. Сакам да искажам целосна емпатија со дамите и господата што работат во Инфомакс. Нема страшно, главата горе! “ – порача Христов.



