ВО ПОЈАСОТ ГАЗА ПОВЕЌЕ НЕМА ИСЛАМСКИ УНИВЕРЗИТЕТ – Израелците за неколку секунди образовната институција ја претворија во пепел поради соработка со Хамас

Израелската Армија објави застрашувачко видео од нападот на Исламскиот Универзитет во Појасот Газа, на кое се гледа како комплексот згради за само неколку секунди стана прав и пепел.

Израелските одбранбени сили (ИДФ), што е официјалното име на Армијата на земјата, го објавија видеото на официјалниот профил на социјалната мрежа Х (Твитер).

Израел, војна во Израел, Газа, Појасот Газа, Исламски универзитет, универзитет
Како причина за нападот, ИДФ навела дека Хамас ја претворил институцијата за стекнување знаење во институција наменета за тероризам.

„Пред малку ИДФ изврши напад врз Исламскиот универзитет, оперативниот, политички и воен центар во Појасот Газа. Хамас го претвори Универзитетот во камп за обука за развој на оружје и воено разузнавање“, беше напишано во објавата заедно со видеото од уништувањето.

Тафер Мелем, палестинскиот функционер задолжен за енергетика во Појасот Газа, првично најави дека областа ќе има електрична енергија уште околу десет до 12 часа, но тоа се покажа како премногу оптимистичка проценка.

Израел, војна во Израел, Газа, Појасот Газа, Исламски универзитет, универзитет
Sky News утринава ја пренесе изјавата на друг функционер, Џалал Исмаил, кој вели дека струјата ќе исчезне во два часот попладне (13 часот по македонско време) поради исцрпување на резервите на гориво потребни за нејзините електрани.

Израел започна „тотална опсада“ на Појасот Газа во понеделникот по нападот без преседан на палестинската екстремистичка група Хамас.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.