недела, 15 ноември 2026
Најново

(Видео) Експлозија во луксузен комплекс во Москва, ликвидиран регрутер на руската војска

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Експлозија се случи денеска во фоајето на луксузниот станбен комплекс „Алие Паруса“ во северозападна Москва, јави државната новинска агенција ТАСС, повикувајќи се на итните служби.

Руските медиуми јавуваат дека најмалку едно лице загинало, а четворица се повредени. Се известува дека меѓу повредените се и телохранителите на човекот кој загина во експлозијата.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Експлозијата била предизвикана од неидентификувана експлозивна направа, а руските агенции за спроведување на законот се сомневаат дека станува збор за планиран атентат, пренесе ТАСС, повикувајќи се на властите.

Интерфакс објави дека најверојатно експлодирала граната.

На социјалните мрежи се појавија тврдења дека Армен Саркисјан, кој е етикетиран како соработник на руските власти во украинскиот регион Доњецк, е убиен.

Според украинските разузнавачки служби, тој регрутирал затвореници од териториите на таа област, кои се под контрола на Москва, за руската армија.

Се известува дека Службата за безбедност на Украина (СБУ) трагала по Саргсјан.

Саркисјан беше и претседател на Боксерската федерација на самопрогласената Народна Република Доњецк (ДПР), познат и како Армен Горловски, пренесува Интерфакс, повикувајќи се на прелиминарни податоци од агенциите за спроведување на законот.

Поврзани вести