недела, 15 ноември 2026
Најново

(Видео) Жестока тепачка меѓу хирурзи во клиника во Приштина

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Двајца хирурзи се истепале на Клиниката за детска хирургија во Приштина, откако претходно влегле во жестока расправија за време на состанок.

Според информациите, вербалниот судир меѓу лекарите брзо ескалирал и продолжил во ходникот на клиниката, пред очите на нивните колеги и медицинскиот персонал. Присутните, затекнати од ситуацијата, првично биле во шок и им било потребно време да реагираат и да ги разделат хирурзите.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

На снимката што се појави во јавноста се гледа како двајцата разменуваат удари, по што паѓаат на подот и продолжуваат со физичката пресметка.

Засега не е познато како реагирало раководството на установата, ниту дали против инволвираните лекари ќе бидат преземени дисциплински мерки. Инцидентот предизвика реакции во јавноста, со оглед на тоа што се случил во здравствена установа.

Поврзани вести