(Видео) Ибраимоски и Глигорова од Крушево: Конкретни мерки за стечајците, 25.000 денари минимална пензија за едно пензионерско семејство

Носителот на пратеничката листа во ИЕ 5 Самка Ибраимоски и кандидатката за пратеник во истата ИЕ, Ана Глигорова денеска го посетија Крушево.

– Продолжуваме со петицијата во Крушево, „Стоп за извршители, стоп за брзи кредити“, доста успешно. Денеска разговаравме и за обновување на туризмот во Крушево и за стечајците исто така, разговаравме и за социјалната помош, за зголемување на социјалната помош и разговаравме за многу важни социјални теми, меѓу кои, секако и она дека за пензионерите, минималната пензија треба да биде според нашиот план 25.000 денари. – истакна Глигорова.

– Она што знам јас како носител на оваа листа, знам дека тука проблемот со стечајците беше многу одамна, се затворија фирмите Југотутун, златарата, стакларата и тука има доста стечајци кои знаат дека јас сум се борел за нивните примања да бидат регулирани во делот на Министерството за труд и социјална политика. Знам дека тука има граѓани на кои не им достасуваат 2 до 3 години стаж да одат во пензија, тоа што го понудив јас на министерката Тренчевска е да може да луѓето кои имаат 62 години, а не му се платени придонесите од фирмата, му фалат уште 2, 3 или 4 години, да се донесе Закон да може да си го откупи стажот самиот вработен бидејќи не му е платен од страна на компанијата, односно фирмата кадешто претходно работел. Тоа е едно наше барање што беше понудено на Владата, еве и на граѓаните им ветивме дека со нашето влегување во Собранието тоа ќе го бараме да се регулира, односно да се донесе. Разговаравме за уште многу други работи, дека социјалната помош треба да биде 18.000 денари, 25.000 денари минималната пензија но без да се чепне пензискиот фонд. Ние знаеме како тоа може, тоа може само со измените во Законот за социјална заштита. – нагласи Ибраимоски.

Пронајдете не на следниве мрежи: