сабота, 14 ноември 2026
Најново

(Видео) Масовни протести во Солун, Атина и во над 100 градови во Грција и дијаспората на тригодишнината од несреќата кај Темпи

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Грчките граѓани денеска на тригодишната од железничката несреќа кај Темпи во која загинаа 57 лица, претежно млади, масовно излегоа на улиците на протести.

Најголеми беа во Атина и Солун, а учесниците на протестот порачаа дека не се работи за несреќа, туку за убиство и побараа криминалот во врска со Темпи да не се сокрие.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Семејствата на загинатите и нивните роднини порачаа дека ќе се борат до крај сè додека не биде задоволена правдата и не бидат казнети одговорните.

Протести се одржаа во над 100 градови во Грција и дијаспората каде живеат Грци.

На 23. март во Лариса треба да започне судењето за трагедијата. Обвинети се 36 лица.

Поврзани вести