Не професоре Славевски тоа што народот плаче за леб не е левичарење.
Треба да се срамиш што цел живот си во политика и што ти и таквите како тебе народот го донеле на просјачки стап.
Патем тој народ кој го навредуваш и му викаш да работи по две- три работи цел живот те храни пошто приватно не си работел.
Не треба да се гордееш со твојата кариера затоа што 35 години со вашите политики стигнавме до тука…
Четврта економија во свет со 500 илјади граѓани кои живеат со 120 денари на ден и УКИМ кој веќе го нема на ниту на листа.
И за крај и тоа како јавноста има право да ја коментира твојата плата затоа што јавноста ти ја дава!



