сабота, 14 ноември 2026
Најново

(Видео) Нов бран напади: Погоден хотел во Дубаи

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

На социјалните мрежи се објавуваат фотографии и видеа од очевидци на кои се гледа облак од чад во близина на хотелот „Фермонт Палм“ во Дубаи, во Обединетите арапски емиррати, јавива ББЦ.

Иранските државни медиуми објавија дека е извршен напад врз Дубаи. Не е јасно точно што е цел на Иран, но во земјата има американско воено присуство.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Станува збор за област каде што се наоѓаат луксузни хотели, популарни меѓу руските туристи. Еден од овие хотели се запалил.

Според локалните медиуми, четири лица се повредени.

Властите во Дубаи потврдија дека инцидентот се случил во зграда во областа Палм Џумеира.

Екипите на службите за итни случаи веднаш биле испратени на местото на настанот, а областа била обезбедена.

Цивилната заштита на Дубаи објави дека пожарот што избувнал е ставен под контрола.

Министерството за одбрана на ОАЕ соопшти дека пресретнало нов бран ирански ракети и беспилотни летала, според извештаите на новинската агенција на Емиратите, цитирани од Ројтерс.

Поврзани вести