(Видео) Пожарот во Кавадаречко подметнат од криминални мотиви, палежите распоредени на повеќе локации, рече Ангелов

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, изјави дека се надева оти до вечер пожарот кај селото Раовец во Кавадаречко барем делумно ќе биде ставен под контрола, но предупреди дека гаснењето може да продолжи и во текот на ноќта.
Тој информираше дека бил изврен разговор со осомниченото лице кое го подметнало пожарот од криминални мотиви, и се прибираат докази.

„Пожарот е предизвикан така што лицето, додека се оддалечувало, подметнувало палежи на локации оддалечени околу стотина метри една од друга. Поради тоа, почетната линија на пожарот била многу долга, што значително го отежна неговото локализирање“, рече Ангелов.
Пожарот кај Раовец попладнево повторно се реактивираше, ширејќи се кон тешко пристапен терен во близина на Тиквешкото Езеро. Во гаснењето се ангажирани два ер трактори на Дирекцијата за заштита и спасување, како и полициски и армиски хеликоптер.
The post (Видео) Пожарот во Кавадаречко подметнат од криминални мотиви, палежите распоредени на повеќе локации, рече Ангелов appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: