Почнавме да ја градиме државата на Илинден, ама не успеавме да ја довршиме- граѓани за ТВ 24

„Почнавме да ја градиме државата ама не успеавме да ја довршиме“. Вака дел од македонските граѓаните ја опишаа симболиката на Илинден, 122 по години по Илинденското востание и 81 од првото заседани на АСНОМ.

Според нив втори август е силен потсетник на борбата за слобода и независност, но и корен на создавањето независна држава.

Државниот врв пак, денеска од различни локации упати пораки до граѓаните. Премиерот Христијан Мицкоски ја предводеше валдината делегација во Скопје го честиташе 2 август и порача дека жртвата која ја оставиле генерациите пред нас е потсетник за тоа каква држава треба да оставиме на идните поколенија.

Покрај владината делегација предводена од премиерот, свежо цвеќе на неколку локации низ главниот град положија и повеќе делегации , меѓу кои и кандидатите за градоначалници на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ – Орце Ѓорѓиевски и Каја Шукова. А на исто место со нив беше и и актуелната градоначалничка Данела Арсовска, како и кандидатот з аградоначалник на Чаир и прв вицепремиер ИЗет Меџити. За потпретседателката СДСМ Илинден мора да биде показател за иднината.

Ѓорѓиевски пак преку социјалните мрежи им порача на граѓаните дека македонската држава треба да се чува и слави во духот на старите Илинденци. Слична порака упати и актуелната градоначалничка Арсовска, која порача дека 2 август треба да е потсетник на борбата и заложбите за самостојна држава. Македонија го одбележува втори август во месецот кога собранискиот спикер Афримм гаши треба да ги арспише локалните избори, з атие да се одржат на 19 октомври, а токму кампањата пред кампања беше воочлива на денешното одбележување од дел до кандидатите .

Пронајдете не на следниве мрежи: