Ева Ристовска, сестра на Теодора денеска праша колку вреди животот во Македонија.
– Колку вреди животот на сестра ми, дали животот некој може да и го врати. Дали нејзината младост може некој да ја врати. Мојата младост дали може некој да ја врати. Мојата душа дали може некој да ја врати? Максималната казна од пет години мене нема да ми ја врати Теодора, ама ќе ми ја олесни маката. Како да ѝ одам на гроб на сестра ми и да ѝ кажам биди задоволна со две години? – праша Ева.