ВИДЕО| 20 милиони прегледи: Тројките на нивниот 18-ти роденден го дознаа редот на раѓање

Тројките Џени, Рајт и Лук Хилберт немаа поим во каков ред се родени до нивниот 18-ти роденден. Нивните родители решиле да го задржат тоа поради нивниот постар син Клејтон, кој имал три години кога Стјуарт Хилберт и Клеј Хилберт дознале дека очекуваат тројки.“Знаевме дека ќе се обиде да наметне свои правила, како на пример најстарото бебе прво да го добие шишето. Не сакавме да ја играме неговата игра и решивме да го чуваме редоследот по кој се раѓаат бебињата во тајност. Така избегнавме ги стереотипите на најстарото, средното и најмалото дете“, откри мајката Стјуарт Хилберт.Признаваат дека чувањето на тајната на почетокот било тешко, но вредело. Имено, на нивниот 18-ти роденден беше откриена долго чуваната тајна, а реакцијата на трите стана вирална на TikTok каде собра повеќе од 20,8 милиони прегледи.Тројките дознале дека прво се родил Рајт, а потоа Лук, а Џени е последна.“Не сакав да бидам најмлада. Тоа е единственото нешто на кое навистина се надевав”, признала Џени низ смеа. Таа додаде дека откритието не ја променило семејната динамика. Во продолжение можете да го погледнете видеото од детските реакции.
@janie.banie4 x3 🤷😆 ♬ original sound – .

Пронајдете не на следниве мрежи: