Виетнамско панакота кафе

Виетнамските имигранти го запознале Југот со мноштво вкусови, вклучувајќи го и слаткиот, кремаст пијалок што го инспирирал овој десерт од соништата.
Потребни состојки:
2½ чаши млеко (поделени)
1 чаша засладено кондензирано млеко
½ чаша хопла
1 лажичка екстракт од ванила
¼ лажичка сол
1 ќесичка нерафиниран желатин
¼ чаша инстант еспресо во прав
1 лажица незасладено какао во прав
декорација: чоколадни струготини


Начин на подготовка:
Во мало тенџере ставете да врие на средна топлина ½ чаша млеко, кондензирано млеко, хопла, ванила и сол. Потоа отстранете од топлината, покријте и оставете да отстои 30 минути.
Во голем сад, ставете ½ чаша млеко, посипете со желатин (не мешајте) и оставете да отстои 10 минути.
Вратете ја топлата смеса од млеко на тивок оган, мешајќи постојано. Потоа, додајте ја во смесата од желатин, мешајќи додека да се раствори желатинот. Ставете ја преостанатата 1½ чаша млеко. Процедете ја смесата преку сито или стерилна газа. Одвоете 1 чаша од млечната смеса, покријте и оставете да отстои 2 часа во ладилник. Во преостанатата смеса, додајте ги какаото и еспресото во прав.
Истурете околу ½ чаша од еспресо смесата во 6 стаклени тегли или чаши. Оставете да отстои во ладилник за 2 часа.
Чашата со млечна смеса што ја одвоивте (точка 3) поделете ја во тегли/чаши (околу 3½ лажици во секоја). Покријте со пластична обвивка и оставете да се лади во текот на ноќта. По желба, декорирајте со чоколадни струготини.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.