Викенд мезе: Крцкави брускети со спанаќ и моцарела од кои ќе барате уште

Изненадете ги најблиските со вкусни и крцкави брускети од кои се тегне растопена моцарела – звучи примамливо нели?
За да не биде рецептот здодевен, додадете уште неколку здрави состојки за посебен шмек, а лукот е најважната која не смее да ја пропуштите.
Сигурно никој не може да го утне овој оброк, а состојките може и да ги менувате по свој вкус, нема да погрешите што и да изберете.
Потребни состојки:
450g крем сирење, омекнато
115g павлака
300g моцарела или кашкавал, рендани (поделено на два дела)
55g рендан пармезан
6 чешниња лук, ситно сечкани


½ лажичка буковец
½ лажичка бибер
240g замрзнат спанаќ (или свеж, по желба)
285g артичока, исечкана (по желба, може да се замени со друга состојка)
Багет, исечен на половина и отворен
2 лажици магдонос
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 200°C и поставете хартија за печење на плех.
Во сад измешајте ги крем сирењето, павлаката, половина дел од моцарелата или кашкавалот, пармезанот, лукот и зачините.
Потоа додадете ги спанаќот и артичоката. Лепчињата поставете ги на хартијата за печење и намачкајте ги со убав слој од смесата.
Одозгора истурете од останатиот дел од моцарелата/кашкавалот.
Печете го лепчето 8-10 минути, додека се стопи моцарелата/кашкавалот. Почекајте неколку минути да се излади, а потоа сечете и послужете.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.