Викторија Бекам во фустан кој секоја жена треба да го има во својот плакар!

Поранешната спајсица и модна дизајнерка, Викторија Бекам, отсекогаш била позната по својот добар моден стил кој го разви во бизнис.
Сè што облекува станува предмет на желби на вљубеничките во модата, а нејзините стајлинзи се одличен водич за сите жени кои сакаат деловна елеганција.
Плакарот на славната убавица е преполн со безвременски модни класици, исто како и нејзината последна тоалета која неодамна ја носела.


Убавата бринета е видена како ја напушта својата продавница дотерана од глава до пети. Благодарение на пандемијата, вистинска реткост е да се види Бекам во тоалета и штикли кои ги сака повеќе од било кои удобни чевли.
46-годишната Викторија Бекам прошетала по лондонските улици во прекрасен фустан од својата колекција.


Стаува збор за црвен фустан-кошула во миди крој, кој е одличен избор за секоја фигура. Освен тоа, сигурен избор е за секоја прилика, во што се уверивме повеќепати. Фустан-кошулите се како појас за спасување во деновите кога не знаете што да облечете.
Доволно е само да го ставите овој фустан преку глава и во зависност од стајлингот кој сакате да го постигнете, облечете балетанки, штикли или патики.
Викторија овој пат се одлучила за ефектни пинк штикли кои со овој стајлинг дале колор блок ефект.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.