ВИСТИНАТА ЗА ТЕМПЛАРИТЕ – ВИТЕЗИТЕ НА ХРАМОТ (дел 3)

Воздигнувањето и падот на Темпларите

Во наредните години, Хуго Пајенски ги претворил Темпларите во една од најзначајните институции на својата доба. После некулкуте патувања во Европа, бил во состојба да обезбеди финансии, и како последица на тоа, и прлив на нови сили во Редот. Во 1139 година добил низа даночни олеснувања. “Покрај великодушните донации, разните бенефиции обезбедени од Папата. Темпларите добиле право на автономија во однос на епископите, и биле подредени само на Папата. 

Тие не припаѓале под нормална на граѓанска и црквена надлежност. Тие добиле право да присоберат и примаат пари на разни начини, вклучитено и правото да примаат донации за цквата еднаш годишно, “кажува хроничрот Јоса Луис Хернандез Гарви (José Luis Hernández Garvi) во своето дело “Крстоносците во кралствата на Иберскиот полуостров” (« Los Cruzados de los reinos de la Península Ibérica »).
Како резултат на тоа, како што истакнува авторот, нив им било истотака одобрено ексклузивното право да градат цркви и замоци, каде сметале дека тоа е неопходно, без претходна дозола од страна на државните и црковни власти. Иако на прв поглед таквата привилегија не изгледа значајно, таа довела да тоа да можат Темпларите да концентрираат во своите раце големи финансиски средства и имот во Ерусалим и Европа.

На тоа мора да се додаде и значајното богатство во властништво на Витезите кој се придружиле на Редот, како и средствата добиени од продажбата на вишокот од земјоделските производи, кој се акумилирале од година во година. Сето тоа довело до тоа за да во 13 век Темпларскиот Редпостане некоја врста на држава. До 1250 броел, според Увалу, 9000 земјишта и куќи по селита, тринаесет илјади војници (не вклучувајќи ги оние со пушки, службениците и занаетчиите), повеќе од пеесет замоци, сопствена флота и прва меѓународна банка. 

Нивното богатство било толку големо, да некои владетели, посебно, францускиот крал Филип IV, барал пари од Редот и останал нивен должник. На крјаот, тоа, нажалост, ја запечатило судбината на Темпларите.
Уморен од големите војни и финансиски моќи, кој биле концентрирани во рацете на “јадните војници на Христа” (како и поради сопствениот долг), во 1307г. монархот одлучил да заврши со нив. “Филип IV верувал дека првобитната идеја за враќањето на светите места на христијанството ја изгубиле својата актуелност, со огледот на тоа како се вкоренила положбата на исламот на Истокот. Покрај тоа, таа им должела многу на Темпларите.

Поради горе наведените причини, Филип IV наредил да се распушти редот, како и апсењето на членовите кои се теретеле за богохулие, ерес, содомија….”, кажува писателот и наставникот на Мадридскиот Отворен Универзитет (UDIMA) Мариј Лара Мартинез, добитник на Националната награда за дипломски труд од историјата и автор на книгата “Енклавите на Темпларите” ( «Enclaves templarios»). Но Филип IV разбрал дека без верската подршка не може да се бори против силниот Ред. “Бидејќи тогаш умрел папата, тој почнал да бара од неодлучениот кардинал, како во потполност ќе ја почитува неговата волја. И тој го нашол вистинскиот кандидат во лицето на надбискупот Бордошки. Во модерната епоха, како и во првите векови на христијанството, изборот на главата на Светата Столица се предавале во рацете на Светиот Дух. 

И во средниот век и модерните времиња околу Римскиот престол испреплетена е мрежа на интереси. На францускиот монарх му тргнало за рака да го постави на чело на Римокатоличката црква под името Климент V, и започнал со него план против Темпларите“,  продолжува експертот. Седум години подоцна, во 1314 година, тие донеле одлука во врска со Темпларите, а одлучено е да нивниот имот постане приход на француската благајна. После тоа, повеќе од 15 000 Витези се уапсени. Големиот Мајстор Жак де Моле (Jacques de Molay) е уапсен, испрашуван и спален жив со своите најблиски соработници пред црквата Нотр Дам.


Првиот дел прочитајте го тука: прв дел
Вториот дел прочитајте го тука: втор дел

Овој текст има 4 дела. Следете го тагот пулсот на темпларите за да ги прочитате сите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.