После 200 години големиот ред е ликвидиран на најригорозни начини. Без оглед на легендите, можеме со сигурност да тврдиме дека со зголемувањето на куповната моќ, Редот стекнал голем број на бродови, кој би можеле да пловат од Европа до Светата Земја. “Овие бродови учествувале во трговија и во борби. Темпларите ја контролирале морската комуникација, а основите на навигација ги научиле од Феникијците. Тие имале на располагање голема армада која пловела во Медитеранот и на Атлантикот (Францускиот дел).
Според Мариј Лари, Темпларите успеале да воспостават контрола над пристинаштата на Фландрија, Италија, Франција, Португал и Северна Европа. Најважната била Ла Рошел (главната точка на Темпларите на Атлантикот), како и во Марсеј и Колиур во Средоземното море. Треба да се напомене дека воините монаси внимателно ги проучувале пристаништата, во кој оделе нивните бродови за да можат да ги заштитат во случај на напад.
Но сепак, кога започнале да ја градат флотата? Според некои истражувачи, посебно, историчарот Хуан Г. Атиенца (Juan G. Atienza), Редот на Темпларите започнал да прави после неколку децении откако добиле посебен третман од Папата.
Доказ за тоа дека Темпларите му ги понудиле на Риџард Лавјо Срце своите бродови, за да се вратат дома после крстоносниот поход врз муслиманите, на чие чело бил 1191 година (во текот на овој поход, не успеале да го повратат Ерусалим од непријателите на христијанството). Нешто слично се случило и со Џејмс I. Освојувачот, каде Витезите му ги дале бродовите, кој ги имале во Барселона и Колиура, на почетокот на борбата за Светата Земја. Транспортот на робата и аџиите, флотата го правела до 1307 година, кога започнал прогонот на Редот.
Тогаш бродовите (според многу извори, биле 13) ја напуштиле луката Ла Рошел пред него што француските власти да ги стават позади решетки нивните капетени и посада. Тука се родила големата тајна, бидејќи, историските документи и тврдат дека бродовите пловеле од француските пристаништа под знамето на Редот, и до денеска сеуште е непознато каде се усидриле. “Кога на петок 13, октомври 1307 година, Филип IV го започнал прогонот на Темпларите, флотата исчезнала без оставена трага.
Оваа мистерија и потаму ја обвива историјата на Темпларите. Не е јасно дали се рашириле по морето или се групирани во друга лука. Постои хипотеза ддека Темпларите го напуштиле Средоземното море во настојување да најдат непознато и сигурно место како свој азил. Но каде?”
Каде се упатила флотата?
Исчезнувањето на изгубената флота предизвикало децении покасно појава на шпекулации за тоа каде можеле да отидат Витезите со својот терет. Некои теоретичари на завери укажуваат на тоа дека Темпларите качиле на овие бродови огромно богатство, собирано со децении, за да не падне во рацете на Филип IV.
Некои извори дури тврдат дека на нив се криел Големиот Мајстор Жак де Моле (Jacques de Molay), кој е уапсен тек тогаш кога се вратил во Европа во тајната мисија. Што и да било, јасно е дека тоа е само предупредување на Темплариските (веројатно од Ватикан или припадниците на францускиот двор) бродови да го избегнат она што ќе се случува…
Што шкрипи во официјалната верзија на историјата?
Па би рекол повеќе нешта. На прво место, приказните и легендите за Темпларите кој ја поткрепуваат официјалната верзија се појавиле тек 200 години после нивното исчезнување. До тогаш, не живееле, или не живееле во обликот кој и одоварал на Светата Столица. Тогаш, познато е дека Светата Столица како и денеска копнеела за власт и богатство. Непознат е некој друг таков пример со такво големо доброволно откажување на богатството без управувањето на црквата над нив.
Истотака познато е дека црквата ја преправала историјата и пишувала како на себе и одговара. За преправената историја и вистинските податоци, ангажирани се во текот на историјата огромни црковни ресурси, каде во тие ситуации не се штедело, и како преку “историските извори” би се потврдил авторитетот и исправноста на црквата. Зошто тоа и тука не би бил случај. Најефикасните се оние верзии кога некои нешта ќе се направат мистериозни, како што е овој случај. Но кога некое тумачање што е надвор од званичната верзија, тогаш тоа добива призвук на разоткривање и тогаш почнуваме да се сметаме како најпосле да сме ја осознале вистината. Нажалост, вистина која повторно е во функција на прикрување. Она што ми е најверојатно и реално, на основа на податоците поврзани со Радомир, е дека единствениот Ерусалим кој Темпларите го виделе бил Цариград, кој го напуштиле после неговото распетие, да би го прошириле редот прво во Франција па потоа се потаму, да во редот пристапат и многу други аристократи и благородниците, да се градат замоци и да се ширело знаењето и учењето кој не било врзано за христијанската црква и луѓето кој го прифатиле тоа учење се нарекувале себе Катари-Богомили-Албињези-Патари (Гностичари).
Не би ме зачудило, дури и самиот нагон на помисла, дека познатиот петок тринаести како бакзузен ден, не е дело и волја на црквата, туку дека црквата не можела да го избрише сеќавањето и памтењето на луѓето од тој прогон на Темпларите кој навистина и се случил, а морало да му се даде сосема нова димензија која што ќе и одговара на црквата. Од друга страна, можебе тоа е навистина жалосен ден за црквата, бидејќи огромното богатство на Темпларите не стигнало во трезорот на црквата, туку заедно со бродовите на Темпларите изчезнало.
Дури не е невозможно дека тие навистини ги штителе патиштата на аџиите, како и нив самите, само не до Израелскиот Ерусалим, туку до оној Ерусалим каде тие така го знаеле во тоа време, односно до Цариград (Истаннбул, Константинопол), каде нивниот учител и пријател – Радомир, навистина бил распнат. Многу е веројатно, дека целата приказна се исплетила во цела една нова верзија за вистината на Темпларите, прикажана на нам од страната на Светата Столица, која и била најзгодна…
Првиот дел прочитајте го тука: прв дел
Вториот дел прочитајте го тука: втор дел
Трет дел прочитајте го тука: трет дел
Овој текст има 4 дела. Следете го тагот пулсот на темпларите за да ги прочитате сите.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.