Вистинска селска вечера: Печена палента со сирење и јогурт

Полентата, според некои верувања, за прв пат ја јаделе селани во северна Италија, а ја подготвувале од бела или жолта пченка. Долго време, палентата е омилено јадење и во нашите простори
Состојки:
150гр палента
200гр брашно
300гр свежо сирење
200мл јогурт
100мл масло
1 лажичка сол
1 прашок за пециво


Подготовка:
Прво вклучете ја рерната да се загрее до 190 степени и започнете со подготовка на смесата. Во сад измешајте ги добро маслото и јогуртот, па додадете палента, брашно, прашок за пециво и сол кои претходно ги измешавте. Мешајте додека не добиете соединета смеса без грутки, а потоа додадете рендано сирење.
Истурете ја смесата во подмачкан сад за печење и печете додека не порумени, а чепкалката излегува чиста од тестото. На крајот, извадете и оставете да стои околу пет минути, а потоа исечете и послужете, пренесува Атма.
„Полентата е одлична за здравјето“
– Гризот од пченка е богат со витамини од групата Б, витамини К и Е, фосфор, магнезиум, цинк, калиум, бакар, селен и манган. Покрај тоа, содржи мал број на калории, па затоа е одличен избор ако внимавате на линијата. Целата пченка е здрава како и секое жито, бидејќи е богата со растителни влакна и многу витамини, минерали и антиоксиданси – рече Оља Мартиниќ, диететичар и нутриционист во Советодавниот центар за исхрана Оља од Сплит.
– Најважни во пченката се нерастворливите влакна, како што се хемицелулоза, целулоза и лигнин – додаде таа и нагласи дека палентата во комбинација со јогурт е особено добар оброк за нашето тело.
Палентата, според некои верувања, за прв пат ја јаделе селани во северна Италија, а ја подготвувале од бел или жолт гриз од пченка.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.