Вистинско зимско уживање: Крем супа од вргањ

Домашна богата крем супа од вргањ е одличен избор за вашиот следен оброк, нели?
Состојки:
– 300 гр свежи печурки вргањ
– 1 главица кромид
– 2 лажици масло
– 2 компира
– 1 морков
– 1 лажица сув зачин од билки
– 1 чешне лук
– сол, бибер
– 100 мл бело вино
– 700 мл вода
– 100 мл павлака
– магдонос

Подготовка:
Печурките исчистете ги, исечете ги на листови, кратко бланширајте ги, па исцедете ги.
Во длабоко тенџере пропржете го ситно исечканиот кромид на малку загреано масло, па додадете ги морковите исечени на коцки и печурките. Сѐ заедно кратко нека покрчка со малку вода.
Потоа додадете ги компирите исечкани на коцки, истолчениот лук, сувиот зачин, сол и бибер, а потоа супата нека врие уште 10 минути.
Додадете вино, топла вода, кратко варете и на крај додадете ја павлаката.
Посипете со ситно сечкан магдонос пред сервирање.
Добар апетит!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.