Вистинско летно уживање, без печење: Торта „сладок грев“

Брзо, лесно и едноставно
Состојки:
1 пакување од 300 гр турски бисквити
200 гр чоколадо
6 лажици масло
8 лажици млеко
2 вреќички неварен пудинг од ванила
500 мл млеко
200 гр кисела павлака
200 мл слатка павлака
Декорација по ваш избор
Подготовка:
Растопете го чоколадото со масло и млеко на пареа или во микробранова печка. Млекото е задолжително, доколку има поголем процент какао во чоколадото, слободно додадете уште 2 лажици млеко, бидејќи кога тортата ќе се стврдне, чоколадото мора да остане меко за да може тортата лесно да се исече.
Оставете го чоколадото да се излади додека ги матите другите состојки.
Изматете го пудингот со млекото, додадете ја киселата павлака, па изматете и на крај додадете ја слатката павлака, па сé добро соединете со миксер.
Поделете го бисквитот на 3 дела и ставете го првиот дел во плех од 30 х 20 см или во калап.
Не треба да се потопува во млеко, бидејќи е тенок и ќе извлече влага од филовите.
Ставете четвртина од фил пудингот над бисквитите, израмнете, па ставете половина од чоколадото, па повторно израмнете.
Ставете во фрижидер или кратко во замрзнувач за да се стегне чоколадото.
Повторно ставете четвртина од филот врз чоколадото. Бисквит, фил, чоколадо, фил, бисквит.
Декорација по ваш избор.
Изладете добро и послужете.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.