Витамини во тегла: Салата од цвекло, моркови, јаболка – го зајакнува имунитетот

Витамини во тегла: Салата од цвекло, моркови, јаболка – го зајакнува имунитетот

Со оваа „витаминска бомба“ збогатете го вашиот ручек и зајакнете го имунитетот.
СОСТОЈКИ:
4 цвекла
4 моркови
3 јаболка
1 целер
1 лимон
сок од 2 лимони
6 лажици мед


НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Цвеклото, јаболката и целерот излупете ги, морковите излупете ги, лимонот измијте го па се задно ситно сомелете или изрендајте.
Додајте сок од 2 лимони и мед, па добро измешајте. Потоа ставете во тегли и чувајте на ладно место, најдобро во фрижидер.
Од наведените количини се добиваат околу 2 тегли полни витамини.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.