Си биле Доналд Трамп, Папата, Леброн Џејмс и 10-годишно дете. Се возеле во авион кога тој наеднаш почнал да се руши. Нема начин да се спасат освен да скокнат со падобран, но падобрани се само три.
Леброн Џејмс вика: -Јас сум најдобриот играч на НБА, им требам на мојата екипа и фанови, не можам да умрам. Го зема првиот падобран и скока.
Доналд Трамп вика: – Јас сум новиот претседател на најмоќната држава на светот, воедно и најпаметниот претседател во историјата на Америка, моите луѓе не би сакале да умрам. Го зема вториот падобран и скока.
Папата се врти кон четвртиот патник, 10-годишното дете, и му вели: -Синко, јас сум стар и немам уште многу пред мене, ќе се жртвувам и ќе ти го оставам последниот падобран на тебе.
-Во ред е, одговара детето, најпаметниот претседател во историјата на Америка го зеде мојот школски ранец.