Ви се јаде благо? Направете колач во шолја готов за 5 минути

Ако сакате нешто благо, а немате ништо дома, тогаш овој брз рецепт за колач е вистинското решение за вас.
Колачот се подготвува брзо, вкусен е и сигурно ќе го задоволи вашиот апетит за само неколку минути.

Потребни состојки:
4 рамни лажици брашно
4 рамни лажици шеќер
½ лажичка прашок за пециво
2 лажици какао
1 јајце
3 лажици масло
3 лажици млеко
1 шолја за чај

Подготовка:
Во шолјата ставете ги брашното, шеќерот, какаото и прашокот за печиво и убаво измешајте за сѐ да биде рамномерно распоредено.
Додадете го јајцето и повторно измешајте. Додадете масло и млеко и убаво измешајте да не останат грутчиња.
Ставете ја шолјата во микробранова и вклучете ја да се пече: 4 минути на 850 вати или 3 минути на 1000 вати.
Кога е готов, извадете го од микробранова (внимавајте, бидејќи шилјата ќе биде жешка), оставете ја 2-3 минути да се олади, прелијте со фил, сладолед, џем… или што сакате и уживајте во вкусната закуска.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.